Рајо и Столе никако да победат: И четврти меч без триумф во Ла Лига

Рајо Ваљекано и четврти едноподруго натпревар не може да победи во Ла Лига.

Во 24. коло од шампионатот Рајо на домашен терен не успеа да слави и против Атлетик Билбао одигрувајќи натпревар без голови со што остана на седмата позиција на табелата, на два бода од шестопласираниот Виљареал.

За Рајо Ваљекано, сепак, останува и натаму битката и за четвртото место кое носи во Лигата на шампионите и покрај тоа што сега е на девет бода од четвртопласираниот Реал Сосиедад.

Се вчитува...