Рајола: Сакам да донесам врвни фудбалери во Реал Мадрид

Еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Рајола изјави дека планира да направи договор со Реал Мадрид, како би можел во клубот да донесе неколку свои фудбалери.

„Мојот однос со претставниците на Реал Мадрид е одличен. Сакам таму да доведам неколку добри фудбалери и на тоа ќе работа летово. Ќе бидам горд ако мои фубалери заиграат за Реал Мадрид, бидејќи тој е голем клуб. Цело време сум во контакт со генералниот директор, Хозе Анхел Санчез, сакам да разговарам со него на различни теми“, изјави Рајола. 

Веќе некое време се шпекулира дека Пол Погба би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата да ја продолжи во „кралскиот клуб“.

Се вчитува...