Реал Мадрид се соочува со проблем на левата бековска позиција каде тренерот Карло Анчелоти на располагање ги има Гарсија и Менди, но и двајцата не ги исполнуваат „кралските“ очекувањата па италијанскиот стратег е приморен како изнудно решение на оваа позиција да го користи Едуард Камавинга.
Шпанскиот гигант веќе го има и името кое треба да го реши проблемот. Тоа е фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис за кој очекувањата се дека Реал Мадрид ќе испрати понуда вредна 40 милиони евра следното лето.
Канадскиот репрезентативец кој важи за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција има важечки договор со баварците до крајот на сезоната 2024/25, а посакува промена на средината со оглед на тоа што од 17-годишна возраст е дел од Баерн Минхен.
Како потсетување Баерн Минхен во 2022 година остана без ѕвездениот напаѓач Роберт Левандовски кој се пресели во редовите на Барселона во трансфер вреден само 45 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА