Рајс ќе го предводи Вест Хем во историско финале, па ќе го реализира трансферот на кариерата

Деклан Рајс вечерва капитенски ќе го предводи Вест Хем во финалето од Конференциската лига, а по походот кон првата титула по 43 години следи и трансферот на кариерата, пренесуваат германските медуми.

Репрезентативецот на Англија оваа лето заминува од редовите на „чекичарите“, а сега е најблиску до трансфер во Баерн Минхен кој е подготвен да ги прекрши клупските правила за ангажман на играчот од средниот ред во трансфер вреден над 100 милиони евра.

„Економски сме многу добро позиционирани и имаме големи цели. На тоа одговорот е: Да, можеме да потрошиме повеќе од 100 милиони евра на еден играч, но за тоа интенвизно ќе разговараме“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.

Рајс се поврзува и со трансфер во Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси, но Вест Хем јасно стави дознаење дека неговиот потпис ќе го добие оној кој ќе понуди над 100 милиони евра.

Се вчитува...