„Ракетите“ летаат највисоко, Голден стејт победи и без најдобрите

Хјустон рокетс останува тимот со најдобар скор во НБА-лигата откако „ракетите“ славеа во Њу Орлеанс со 101-107, за своја 21. победа на последните 22 одиграни средби. Џејмс Харден повторно беше одличен постигнувајќи 32 поени, надополнети со 11 скокови, а имаше одлична помош од Крис Пол (21 поен) и од Клинт Капела (13 поени и 11 скокови).

Голден стејт вориорс одигра одличен меч триумфирајќи со 109-124 во Феникс, иако актуелниот шампион беше ослабен поради неиграњето на тројцата најдобри кошаркари, Стеф Кари, Клеј Томпсон и Кевин Дурант. Квин Кук блесна со 28 поени, а одличен настап имаше и Дрејмонд Грин, реализирајќи 25 поени, 11 скока и осум асистенции.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд до голема победа  во Чикаго (109-114), меч на кој „кралот“ Џејмс стигна до својот 70. трипл-дабл во кариерата (33 поени, 13 скока, 12 асистенции).

Сан Антонио стигна до значаен триумф над Минесота од 117-101, во дуелот на две екипи кои се борат за место во плејофот во западната конференција. Во главна улога беше Олдриџ, кој беше незапирлив за гостинските кошаркари, реализирајќи 39 поени и десет скока.

Резултати НБА:

Милвоки – Атланта 122-117, Вашингтон – Индијана 109-102, Њу Орлеанс – Хјустон 101-107, Бруклин – Далас 114-106, Њујорк – Шарлот 124-101, Чикаго – Кливленд 109-114, Мемфис – Денвер 101-94, Сан Антонио – Минесота 117-101, Јута – Сакраменто 103-97, Феникс – Голден стејт 109-124, Портланд – Детроит 100-87.

Се вчитува...