Ракитиќ: Бевме подобри и „11 на 11“, заслужено победивме

Иван Ракитиќ постигна фантастичен гол, а Барса на крајот се радуваше на голем триумф во Мадрид. Хрватот имаше многу причини за задоволство, но најголемите комплименти ги сочува за „најголемиот“ – Лео Меси.

Треба да се навратиме низ историјата да видиме дали некој бил на нивото на Лео, уште еднаш видовме на што е способен. Може да игра на крилните позиции, како напаѓач или зад голгетерите, тој е едноставно неповторлив. Што се однесува до натпреварот, бевме подобри и додека игравме 11 на 11, пред црвениот картон на Рамос, така што мислам дека заслужено победивме. Трката за титулата е повторно отворена, Реал има меч помалку, но има и уште многу за играње. Ние ќе се бориме до самиот крај“ – изјави Ракитиќ.

Во случај двете екипи да завршат со ист број на бодови, во предност би била Барселона поради подобриот меѓусебен дуел (реми во Барселона и победа во Мадрид).

Се вчитува...