Ракитиќ ги налути навивачите на Барса: „Меси ќе го избрка по сето ова…“

Хрватот Иван Ракитиќ никогаш посебно не бил некој миленик на навивачите на Барселона, меѓутоа сега дефинитивно го навлече бесот со една објава на својот Инстаграм профил.

Хрватскиот репрезентативец објави фотографија од натпревар меѓу Хрватска и Аргентина од СП во Русија, на која го минува Лионел Меси паднат на тревникот, и предизвика бројни негативни коментари. Дел од навивачите дури и тврдат дека со оваа објава само си го потврдил и најавил заминувањето од клубот.

Фановите на Барса се лути што го потсетил Меси на еден голем трофеј кој го нема, но и на сите оние лоши игри во дресот на аргентинската репрезентација.

„После оваа објава толку е… Меси сигурно ќе го избрка од тимот“ – коментираат дел од навивачите на Барселона.

Се вчитува...