Ракитиќ и порача на Барселона: Не сум вреќа со компири

Иван Ракитиќ сака да биде сопственик на сопствената иднина. Ова јасно го става на знаење во интеврју за шпанскиот „Мундо Депортиво“. Хрватот чија иднина е се подалеку од „Камп Ноу“ вели дека Барселона мора да има почит за него.

„Јас не сум вреќа со компири. Сакам да бидам онаму каде што ме ценат. Ако тоа е во Барселона добро, ако не ќе одам онаку каде што јас ќе одлучам“ – вели Ракитиќ во денешното издание на весникот.

Ракитиќ е поврзуван со трансфер во Атлетико Мадрид и во Севилја каде што играше пред да дојде во Барселона. За каталонскиот клуб имаше значајна улога во претходните години, но сезонава  ја загуби позицијата на стартер.

Се вчитува...