Иван Ракитиќ во опширно интервју говореше и за неговиот сонардоник Лука Модриќ со кој долго време беа клупски ривали, но и добри пријатели поминувајќи повеќе од една деценија заедно во хрватската репрезентација.
Ракитиќ вели дека Модриќ е неверојатна личност и фудбалер, а во Милано не се свесни колку треба да се среќни што е дел од тимот…
„Имаме посебен однос со Лука. Двајцата уште од мали игравме за Хрватска, а тој се уште е во репрезентацијата. Лука е неверојатна личност и фудбалер. Не е важно дали сте навивач на Реал, Милан или Хрватска. Морате да го сакате Лука за начинот на кој му пристапува на фудбалот и поради тоа што толку долго игра на највисоко ниво“, вели Ракитиќ кој се осврна и на преминот на сонародникот во „росонерските“ редови.
„Мислам дека во Милано се уште не се свени колку среќа имаат што го ангажираа Лука. Непроценливо е да имаш таков посебен фудбалер во соблекувалната и на теренот. Неверојатно е како игра во тие години и сметам дека може да допринесе за уште неколку добри сезони“
Со оглед на тоа дека настапува заедно повеќе од една деценија, Ракитиќ доби прашање да сподели некоја анегдота со Модриќ на што имаше интересен одговор.
„Имаме многу заеднички анегдоти и незаборавни моменти, но тие кои не и се познати на јавноста подобра да останат меѓу Лука и мене“, одговори поранешниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

