Ракитиќ: Никогаш не се спријателив со Меси и Суарез, но…

Хрватскиот интернационалец  Иван Ракитиќ изјави дека во текот на шесте години во кои беше дел од Барселона никогаш не станал близок со Лионел Меси и Луис Суарез, но дека и двајцата многу ги почитува.

„Никогаш не бев близок пријател со Лионел Меси и Луис Суарез, но двајцата многу ги почитувам. Најмногу се држев со Иниеста и Тер Штеген“, изјави Ракитиќ. 

Ракитиќ во 2014 година стигна на „Камп ноу“, а со каталонскиот клуб во 2015 година триумфираше во Лигата на шампионите. Во летниот трансфер период тој се врати во Севилја.

Се вчитува...