Ракитиќ: Среќен сум што ќе играме против мојот пријател Меси!

Во редовите на Хрватска се свесни дека ги чека тешка група на Мундијалот во Русија следната година, но фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ силно верува дека може да се надигруваат со секој противник.

Хрватска е во група со Аргентина, Исланд и Нигерија на Светското првенство 2018…

„Тешка група, незгодна. Ќе биде голема борба. Верувам дека имаме квалитет да ја минеме групата. Среќен сум што ќе играме против моите пријатели Лео Меси и Маскерано. Со нетрпение го чекам Мундијалот. Ја почитуваме Аргентина, Меси е најдобриот во светот, но нашата желба сигурно ќе биде огромна токму да се надигруваме со нив. Па, Светско првенство е, мора да играте против тешки противници, а мора и да дадете се од себе доколку сакате успех“ – истакна Ракитиќ веднаш по денешната ждрепка во Русија.

Се вчитува...