Ракитиќ: Тешко е да се замени Чави во Барселона…

Легендата на Барселона, Чави Хернандез, реши да се раздели со каталонскиот гигант во 2015 година и да почне нова авантура, во катарски Ал Сад.

Раководството на Барселона се надеваше дека Иван Ракитиќ, кој дојде во 2014 година, ќе го замени Чави, но хрватскиот репрезентативец истакна дека нема лесна задача и не ги сака споредбите со некогашниот член на Барселона.

„Да го заменам Чави? Тоа е исклучително тешко. Не сакам да ме споредуваат со него или било кој. Сакам да дадам се од себе за екипата. Не дриблам како Меси, не погодувам како Суарез, не асистирам како Иниеста, но имам свои квалитети. Секој си има своја функција во екипата. Би сакал да играм повеќе, но тоа е одлука на тренерот Луис Енрике. Јас се обидувам да му докажам дека тимот има потреба од мене“ – истакна Ракитиќ.

Се вчитува...