Ракометарите гости на „Кроација Куп“, за темпирање на формата за СП

Ракометната репрезентација на Македонија следниот месец ќе ги стартува подготовките за СП 2023 што во јануари во групната фаза ќе ја игра во Краков, а како дел од овие подготовки избраниците на Кире Лазаров ќе настапат и на турнир во Хрватска.

Како што информира Хрватскиот Ракометен Сојуз, турнирот „Кроација Куп“ е предвиден да се игра на почетокот од месец, а гости на „коцкестите“ на овој турнир ќе бидат Македонија и Израел.

Ова значи дека „црвено-жолтите“ ќе имаат две контролни средби во Хрватска, а не се исклучува можноста за одигрување и на најмалку уште еден пријателски натпревар во Скопје, пред тргнувањето за Краков.

Се вчитува...