Ракометарите против Мароко за подобар пласман на СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Мароко во натпревар од последното 3. коло од групата 2 од „Президент купот“ на Светското првенство во Шведска и Полска.

Ракометарите доколку го победат Мароко ќе играат против Јужна Кореја за 27. место на шампионатот. Селекторот Кирил Лазаров вели дека овие мечеви се шанса за помладите ракометари да собираат искуство.

„И пред почетокот на Президент купот кажав дека ова ќе биде можност за помладите ракометари, дека шанса ќе дадеме на помладите за да стекнат што е можно поголемо искуство и самодоверба за во иднина. Токму тоа ќе биде нашата мисија тука, искуство за помладите. Не чека многу напорна работа при оваа смена на генерациите. Се виде колку ни недостасуваат искусните, но во исто време силно веруваме во оваа младата генерација која во иднина треба да го покажува својот вистински квалитет“, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко кој ќе се игра во Плоцк е закажан за 18 часот.

Се вчитува...