Ракометарите се собраа пред Романија, Миркуловски и Талески се приклучуваат утре

Машката ракометна репрезентација на Македонија од денеска и официјално стартува со подготовките пред бараж-двомечот со Романија за пласман на СП 2019 во Германија и Данска. Од 20 репрезентативци што се на списокот на селекторот Раул Гонзалес за оваа акција, на собирот недостасуваа Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера со нивните клубови ги одиграа последните натпревари во Бундес-лигата.

Во наредните шест дена македонските репрезентативци ќе тренираат во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпревар со Романија е на 10 јуни во Скопје, а реваншот на 13 јуни во Клуж.

Поуспешната селекција од овој дуел ќе обезбеди место на Светското првенство што ќе се одржи во јануари во Германија и во Данска.

Македонските ракометари досега имаат пет настапи на ракометните мундијали, на последните три во континуитет.

Се вчитува...