Ракометарите со победа против Србија го завршија настапот во Тарагона

По двата разочарувачки порази на стартот, машката ракометна репрезентација на Македонија конечно стигна до првата победа на Медитеранските игри во Тарагона. Во последниот натпревар, македонските ракометари ја победија Србија со 31-29 , но го завршуваат настапот на Игрите како последнопласирани во групата.

За разлика од претходните натпреаври со Турција и со Египет, во дуелот со Србија влегоа многу поконцентрирано. На средината од полуврето стигнаа до шест гола предност (13-7). Србите го засилија темпото во последните десетина минути од првиот дел, постигнаа шест, а примија само два гола и ја стопија разликата на 15-16.

Oна што го пропуштија во финишот на првиот дел, македонските ракометари успеаја да го надополнат на стартот од второто полувреме кога направија серија од 5-1 и за осум минути повторно се вратија на +6 (22-16).  Но, исто како и во првиот дел, осцилациите во играта на македонскиот состав им оставија простор на Србите да се вратат во игра и на десет минути пред крај да намалат на 26-24. Сепак, на крај успеаја да го сочуваат водството и да го завршат настапот на Медитеранските игри со утешна победа.

Македонија со три бода остана на последното место во групата зад Египет кој е на третото место. Пласман во четвртфиналето обезбедија Србија и Турција.

Се вчитува...