Тотален организациски хаос на Медитеранските игри во Алжир, во кој очигледно се вклопија и од Македонскиот олимписки комитет (МОК) кои се одговорни за организација на македонските репрезентативци и национални тимови на најголемите спортски игри на медитеранските земји.
А, во континуитет секојдневно жртви на целокупниот хаос се македонските ракометари, кои денеска на само неколку часа пред почетокот на натпреварот со Шпанија добија промена на терминот. И покрај тоа што утрово од македонската ракометна репрезентација добија известување дека натпреварот ќе се игра во 18 часот, сепак на пладне со нова информација дека натпреварот со Шпанците ќе се игра од 17 часот, па македонските ракометари на закажаниот дуел ќе пристигнат само 20 минути пред почетокот на истиот.
Како што посочуваат од ракометниот табор, и покрај сериозните проблеми со кои се соочуваат нашите ракометни репрезентативци, најголемиот проблем е што се чувствуваат отфрлени и од МОК. Па во текот на денот, и покрај бројните обиди за разрешување на некои од организациските проблеми, немаат апсолутно никаков контакт со шефот на македонската делегација Владимир Богоевски кого, како што велат, воопшто не може да го лоцираат.
Македонија денеска во Групата Б ја очекува дуелот со најголемиот фаворит Шпанија, откако претходно убедливо славеше со Грција, а ремизираше со домаќинот Алжир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА