Ракометарката Наташа Нолевска доби 16-месечна суспензија поради допинг

Македонската ракометарка Наташа Нолевска доби суепензија од 16 месеци поради користење на допинг во Романија. Таа како дел од романскиот клуб Корона Брашов користела недозволена терапија на клиника во Романија, а потоа паднала на допинг-тест заедно со своите колешки од тимот.

Идентична казна добија и Ана Марија Лопатару, Елиза Бучески, Дариа Букур, Елајн Гомез и Ивона Павичевиќ, додека малку полесна казна, суспензија од една година и три месеци добија Дачијана Хосу, Бјанка Базалиу и Кристина Ласло.

Има и ракометарки со повисоки казни. Една година и осум месеци суспензија заработија Андреа Цицулете, Оана Цапрар, Клаудија Лакатуш, Марлена Неагу, Елена Патулеану, Диана Попоеску, Сорина Тирка и Викторија Тимошенкова.

Ракометарките се суспендирани од 25 ноември минатата година и целиот овој период влегува во остлужување на казната.

Се вчитува...