Ракометарките поразени и од Алжир на Медитеранските игри

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Медитеранските игри во Таранто, каде нашите млади ракометарки загубија со убедливи 23-37.

„Црвено-жолтите“ му парираа на противникот од Африка само до 5-5, по што Алжирките се одллепија и веќе до крајот на полувремето го решија победникот поведувајќи со 11-20.

Oстатокот од натпреварот мина во рутинско одржување на големата предност на противникот, кој на крајот славеше со уште поубедливи „плус 14“.

Миленкоска со шест и Павичевиќ со четири погодоци беа најефикасни во македонскиот табор на овој натпревар.

Се вчитува...