Ракометниот караван пристигна во Струга и донесе насмевки и позитивна атмосфера (Фотогалерија)

Денеска спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот. Најмладите имаа можност да се дружат, да учат и одблиску да ја почувствуваат магијата на ракометната игра.

Дел од караванот беа Марио Танкоски, Гоце Ојлески и Теодора Гулицоска, а посебно изненадување за најмладите беше специјалната гостинка Андреа Лекиќ, една од најголемите ракометни ѕвезди во регионот и најдобра ракометарка во светот за 2013 година.

 

 

Уште една прекрасна ракометна дружба и уште една успешна станица на Ракометниот караван!

 

Се вчитува...