Ракометниот мундијал низ бројки

На три дена пред официјалниот старт на новото ракометно Светско Првенство во Франција и премиерниот дуел меѓу домаќинот и Бразил, прочитајте дел од интересните статистички податоци поврзани со историјата на ракометните мундијали, како и за претстојниот шампионат.

550.000 – Вкупниот број на билети што се најдоа на продажба за овој светски шампионат.

306.100 – Вкупниот број на гледачи што го следеа последното Светско Првенство во Катар.

rajhman germanija katar

27.500 – Капацитетот на стадионот „Пјер Морој“ во Лил, најголемата арена на овој ракометен мундијал.

25.000 – Рекордна посета на еден натпревар на ракометните мундијали, финалето меѓу Русија и Шведска (24-25) на СП 1999 во Египет.

3.919 – Бројот на постигнати мундијалски погодоци на Шпанија, со што „црвената фурија“ е рекордер на светските првенства. Веднаш зад Шпанците се наоѓа Германија со 3.899 гола и Шведска со 3.719 погодоци.

1993 – Годината кога светските првенства почнаа да се одржуваат на секои две години.

106 – Германија е репрезентацијата со најмногу победи на светските првенства, вкупно 106, пред Шведска со 103 и Шпанија со 96.

92 – Апсолутниот рекорд на нaшиот Кире Лазаров како најдобар стрелец на еден светски шампионат, со фантастични 92 гола на СП во Хрватска.

22 – Рекорден број на учества на светските првенства, што го делат Германија и Шведска, пред Данска со 21.

8 – Број на градови каде ќе се играат натпреварите на овој ракометен мундијал: Албервил, Брест, Лил, Мец, Монпелје, Нант, Париз и Руен.

pehar sp francija

7 – Број на светски првенства што ги организирала Германија.

5 – Франција е најтрофејна селекција на мундијалите со пет светски круни, пред ШВедска и Романија со по четири.

1 – Број на неевропски земји кои освоиле медал на светските првенства – Катар сребро во 2015.

svetski prvenstva rakomet

Се вчитува...