„Ракометниот Шекил“ потпиша со нов клуб

Готие Мвумби беше една од неочекуваните „ѕвезди“ на последниот ракометен мундијал во Египет, пивотот на Конго кој настапуваше во француските пониски лиги максимално ја искористи шансата на големата сцена, по што доби и бројни интересни понуди за чекор напред во кариерата.

Иако постоеше опција за преселба во повисок ранг на натпреварување во Франција, но и за бројни понуди ширум Европа, Мвумби изненади со следниот чекор во кариерата – преселба во САД.

„Пресреќен сум што можам да објавам дека ќе играм за Детроит, за да помогнам да се развива ракометот во САД“, објави „дебелкото“ кој кој беше хит на СП 2021 во Египет.

Се вчитува...