Раководството на Барса побарало услуга од Меси, тој ладнокрвно ги одбил

Лионел Меси летово сакаше да ја напушти Барселона поради лошите односи кои ги има со раководството на клубот предводено од Бартомеу. Меси побара раскинување на соработката како би можел да премине во друг клуб, но од Барса не му излегоа пресрет. Аргентинецот е лут на луѓето во врвот и смета дека тие мора да заминат доколку сакаат Барса повторно да биде најдобар тим во Европа.

Поради големата откупна клаузула тој остана во тимот, а следното лето е слободен да го напушти без никакво обештетување. Колку е неверојатен самиот врв во клубот покажува последната информација која доаѓа од Барселона. Имено тие го повикале Меси на состанок каде и покрај сите недоразбирања што ги имаат побарале од него да прифати ново намалување на платата како би можел да му помогне на клубот да го надмине овој тежок период, предизвикан од пандемијата од коронавирусот.

Аргентинецот кој мислел дека на состанокот е повикан како би разговарале околу потпишување на нов договор, кога слушнал која е темата на состанокот ладно го одбил нивното барање и веднаш ја напуштил просторијата.

Се вчитува...