Раководството на Барселона по 24 години ја затвора клупската телевизија

Телевизискиот канал на фудбалскиот клуб Барселона, „Барса ТВ“ ќе престане да се емитува по 24 години постоење, соопшти каталонскиот клуб со објаснување дека не сака да го обнови договорот со операторот Телефоника.

Одлуката е последица на финансиските тешкотии на клубот, а по затворањето на „Барса ТВ“ трошоците ќе бидат помали, но околу 130 луѓе ќе останат без работа.

„ФК Барселона го предупреди добавувачот „Телефоника“, компанијата која управува со телевизискиот канал на клубот, дека нема да го продолжи договорот кој истекува на 30. јуни“, напиша Барселона во официјалното соопштение.

Телевизискиот канал е создаден во јули 1999 година, за време на владеењето на претседателот на клубот Хосеп Луис Нуњез.

Се вчитува...