Раководството на Хјустон: Воопшто не жалиме за трејдот на Харден

По девет години поминати заедно Хјустон и Џејмс Харден оваа сезона одлучија да заминат на различни страни. Супер-ѕвездата не успеа да биде клучна фигура во Рокетс и да ја донесе титулата во Тексас, па се одлучи да ги промени клупските бои и да облече „црно-бело“.

Бекот фантастично се снајде во „династијата“ во Бруклин каде успеа да забележи 12. трипл-дабл учиноци оваа сезона со што го изедначи рекордот на франшизата, додека на спротивната страна, Хјустон го започна процесот на смена на генерации и во моментот се наоѓа на 14. место на „Западот“ со скор од 13-33.

Раководството на Хјустон се обиде да направи се да му угоди на Харден во последните девет години, беа променети голем број на играчи, воедно и стилот на игра, па генералниот менаџер на тексашкиот тим, Рафаел Стоун, изјави дека воопшто не жали за трејдот на супер-ѕведата.

„Да можам повторно би го направил истото. Вие не знаете се што јас знам, но ниеден дел од мене не жали за тоа. Ни на момент не се запрашав дали ја направив правата работа“, истакна Стоун.

Се вчитува...