Зидан: Рамос 100% ќе остане во Реал Мадрид

Серхио Рамос продолжи да испишува историја постигнувајќи го стотиот погодок во дресот на Реал Мадрид. Договорот на 34-годишнот ветеран со „кралевите“ истекува на крајот од сезонава, но тренерот Зинедин Зидан е убеден дека искусниот дефанзивец ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на својата кариера.

„Што да кажам за Рамос… како и секогаш, тој е нашиот капитен, нашиот лидер. Го сакаме овде во клубот до крајот на кариерата, а знам дека и тој го сака истото. Со 100% сигурност можам да кажам дека тој ќе остане во Реал и ќе продолжи да испишува историја за овој клуб“, изјави тренерот Зинедин Зидан по натпреварот.

Интер, Милан и Јувентус сакаат да го доведат искусниот дефанзивец како слободен играч за следната сезона, тој засега се уште не потпишува нов договор со Реал, но останува да се види дали ќе најде заеднички јазик со Флорентино Перез и наскоро со потпис ќе ги израдува навивачите на „кралевите“.

Се вчитува...