Рамос: Да сакав да освојувам индивидуални награди ќе играв тенис

Серхио Рамос сигурно е еден од најдобрите дефанзивци на светот, а во кариерата буквално ги освои сите можни трофеи. Тој и покрај тоа што игра во одбраната многу често знае и да постигне гол за „кралскиот клуб“ и репрезентацијата на Шпанија. Што се однесува до индивидуалните награди Рамос никогаш не беше во центарот на вниманието иако сигурно заслужил барем некоја од нив. Сепак, за капитенот на „кралевите“ и „црвената фурија“ таквите награди не претставуваат ништо посебно.

„Не ме интересира „Златната топка“ и воопшто не размислувам за неа. Да сакав да освојувам индивидуални трофеи тогаш ќе играв тенис“, одговори Серхио Рамос. 

Рамос беше дел од четирите титули на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Шпанија го освои Мундијалот во Јужна Африка во 2010, како и на двапати се качи на врвот на Европа.

Се вчитува...