Ал Наср го направи потегот на годината во Саудиска Арабија успевајќи да го доведе Кристијано Роналдо, а најбогатиот клуб од оваа земја, Ал Хилал, подготвува контраофанзива за големиот ривал. Јавна тајна е дека Ал Хилал испрати богата понуда до Лео Меси, но додека Аргентинецот тактизира со одговорот, челниците на Ал Хилал преговаат и со други ѕвезди од европскиот фудбал за трансфер по завршувањето на сезонава.
Најзвучно име дефинитивно е Серхио Рамос, кој според шпанските медиуми добил пребогата понуда што сериозно размислува да ја прифати. Тој во моментов заработува нецели 8 милиони евра во ПСЖ, а Ал Хилал му нуди неверојатни – 30 милиони евра загарантирани по сезона, плус бонуси во зависност од бројот на освоени трофеи и одиграни натпревари.
Во ситуација кога Рамос има 37 години и се наоѓа пред крај на кариерата, ова му е последна шанса за одлична заработка пред да ги закачи копачките на клин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА