Рамос: Фудбалот веќе ни е потребен како економска помош, но и луѓето да се вратат на секојдневието

Изминативе денови беа забележани неколку случаи на позитивни фудбалери на Ковид-19 од шпанскиот фудбал, но сето тоа не ги менува плановите за враќање на Ла Лига.

Фудбалерите кои беа позитивни на тестирањата се во изолација, а екипите ги продолжија тренинзите по два месеци пауза. Се е појасно дека Ла Лига ќе се врати кон средината од следниот месеци.

И капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос порача дека фудбалот мора да продолжи како луѓето би го тргнале вниманието од сите овие случувања предизвикани од пандемијата.

„Фудбалот и е потребен на државата како економска помош а на луѓето за едноставно да го тргнат вниманието од лошите работи, и да се вратат на секојдневието. Едвај чекам да почнам да играм. За да Ла Лига повторно биде нормално мора да бидеме дисциплинирани. Не смееме да дозволиме овој вирус да се инфилтрира меѓу нас и сигурен сум дека можеме да го спречиме“ – вели Рамос.

Се вчитува...