Рамос ги пропушта тешките гостувања на Реал Мадрид

Стравувањата на Зинедин Зидан денеска станаа стварност, откако беше утврдено дека повредата на Серхио Рамос не е наивна и капитенот на Реал Мадрид нема да може веднаш да се врати на терените. Рамос се повреди при настапот за шпанската репрезентација, а по деталните прегледи лекарите му препорачаа пауза од најмалку десет дена.

Ова значи дека најдобриот дефанзивец на Реал Мадрид нема да биде во составот за двете тешки гостувања, најпрвин против Вилјареал во Ла Лига и потоа и против Интер во Лигата на Шампионите. Доколку рехабилитацијата минува според планот, Рамос ќе може да се врати за наредниот домашен натпревар против Алавес.

Дополнителен проблем за Зидан претставува повредата на Рафаел Варан, за кого уште не е познато колку ќе отсуствува од терените.

Се вчитува...