Рамос и дефинитивно заминува од Реал Мадрид

Долго трае сагата околу фудбалската иднина на Серхио Рамос, но дел од шпанските медиуми сега веќе тврдат дека капитенот заминува од Реал Мадрид.

Одлуката да ги напушти „кралевите“ Рамос ја донел благодарение и на големиот број понуди кои пристигнуваат на негова адреса. ПСЖ е веќе со конкретна понудат, а има три понуди од Италија и две од Англија.

Рамос не е среќен со ситуацијата во Реал па со оглед на тоа дека наскоро му завршува договорот, за него е идеален момент за заминување.

Од друга страна и челниците на кралскиот клуб се уште се борат со големиот „минус“ кој е последица на пандемијата на коронавирусот, па продажбата на Серхио Рамос би решила дел од проблемите. Клубот веќе најави и ново намалување на платите на фудбалерите.

Се вчитува...