Рамос: Јас сум најголем поборник на ВАР-системот

Реал Мадрид оствари триумф (1-2) против Ајакс на гости во Амстердам и се доближи до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ ја имаа фортуната на своја страна во првото полувреме, кога судијата Дамир Скомина не го призна погодокот на Николас Талјафико. По прегледувањето на ВАР – снимката беше оценето дека се работи за офсајд ситуација. Тоа беше прва одлука донесена со ВАР во историјата на ЛШ.

Капитенот Серхио Рамос вели дека „кралевите“ заслужено победиле, а тој е еден од најголемите поборници за воведување на ВАР – технологијата.

„Имам кажано и досега, јас сум голем поборник на ВАР – системот. Со него фудбалот е многу поправедлив. Остваривме заслужен триумф, иако и многу страдавме на теренот. Не беше лесно. Но, реваншот ќе го играме пред наша публика“, изјави капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Се вчитува...