Рамос му заштеди 50 милиони евра на Реал Мадрид

Реал Мадрид договори со фудбалери намалување на платите за 10%. Иако првично беше најавено дека кралевите нема да ги намалуваат платите, на крај постигнат е договор за намалување од 10%. Ако сезоната не се заврши, платите ќе се намалат за 20%.

Фудбалерите првично не отстапуваат од одлуката платата да им се намали само за 5%, но Флорентино Перез, сепак, успеал да го убеди Серхио Рамос кој попуштил и е најголемиот „виновник“ за намалувањето од 10%, убедувајќи ги соиграчите на тоа. Па, така Рамос на Реал Мадрид ќе му заштеди 50 милиони евра, ако сезоната не продолжи тоа ќе биде заштеда од 100 милиони евра.

„Кралевите“, сепак, се еден од најстабилните клубови во Европа, но оваа заштеда ќе им биде добредојдена. Најголемиот нивни ривал, Барселона мораше да ги намали платите за дури 70%, што предизвика сериозен револт меѓу играчите на каталонскиот тим.

Се вчитува...