Рамос намерно доби картон, ќе следи ли казна од УЕФА?

Серхио Рамос ќе го пропушти реваншот против Ајакс поради суспензија од жолти картони, но капитенот на Реал Мадрид би можел да биде и дополнително казнет од УЕФА откако самиот призна дека намерно добил жолт картон во финишот од дуелот во Амстердам за да ги „исчисти“ картоните пред четвртфиналните пресметки.

„Би лажел ако кажам дека не го сторив тоа со намера. Не сакам да звучи како омаловажување на Ајакс или дека верувам дека се е готово, но факт е дека ми треба да одмор. Јас ќе бидам на стадионот за реваншот и ќе ги бодрам своите соиграчи“ – изјави Рамос.

На потег е УЕФА, која ќе треба да реши дали да покрене постапка против капитенот на Реал Мадрид. Сезонава од иста причина во групната фаза суспензија од еден натпревар доби Корона од Порто, за прекршување на правилата на ферплејот со намерно добивање на картон.

Се вчитува...