Рамос: Не одлучувам јас кој ќе биде тренер на Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека тој нема никаква врска со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на мадридскиот клуб. Фудбалерите на Шпанија ја совладаа Малта со 2-0 во квалификациите за Европското првенство, а по натпреварот Серхио Рамос наместо прашања за мечот против Малта, добиваше прашања за ситуацијата во Реал Мадрид и дали тој е „виновникот“ за враќањето на Зинедин Зидан.

„Промените можат да донесат нешто добро. Проживеавме прекрасни моменти со Зидан, така што убаво е што се врати дома. Неговото доаѓање беше добра вест за сите играчи. Одлуката за неговото доаѓање не е моја иако сите мислат така. Капитен сум, ако некој ме праша ќе му кажам што мислам. Никогаш не сум наметнувал мое мислење“, рече Рамос. 

Реал Мадрид е елиминиран од Лигата на шампионите и Купот на кралот, а во домашното првенство заостанува 12 бода зад Барселона.

Се вчитува...