Рамос: Победите на „Камп Ноу“ се посебно слатки

Серхио Рамос одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Реал Мадрид, предводејќи го тимот до голема победа од 1-3 на гостувањето против Барселона. „Кралевите“ се наоѓаа во серија од два порази (од Кадиз и од Шахтјор), но со одличното издание на „Камп Ноу“ јасно ставија до знаење дека шпанскиот шампион не се наоѓа во криза.

„Два меча во една недела, два порази и сите веднаш говореа дека сме во криза. Ние верувавме во себе, оваа група на играчи создава позитивна енергија и токму тоа ни ја донесе победата. Постојат бодови што имаат вкус на слава, како овие денеска, не е тајна дека победите на „Камп Ноу“ се посебно слатки“, изјави Рамос по мечот.

Токму искусниот дефанзивец беше стрелец на вториот гол за Реал од пенал, што според него беше апсолутно правилно досуден.

„Има бројни дуели во шеснаесетникот кои се на граница, но пеналот беше очигледен. Влечењето за дрес беше и повеќе од јасно, а ВАР е тука за да согледа токму вакви ситуации“, истакна капитенот на Реал Мадрид.

Се вчитува...