Рамос: Потсетивме дека Реал Мадрид е европски шампион

Реал Мадрид го совлада Пари Сен Жермен со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и обезбеди убава предност во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. „Кралевите“ на 6.март ќе патуваат на реваншот во Париз со намера да го продолжат патот при одбрана на титулата.

Капитенот Серхио Рамос по триумфот истакна дека Реал Мадрид со овој меч потсетил дека е актуелен европски првак.

„Ова е многу значаен триумф за нас, остварен во еден многу тежок натпревар. Но, најдобрите играат најдобро кога е најтешко. Реал Мадрид потсети вечерва дека е актуелен европски првак. Не потклекнавме ниту кога први примивме гол, продолживме да играме и на крајот заслужено славевме. Но, не се залажуваме, двомечот е се уште отворен, иако оваа предност ни дава малку поголема самодоверба пред реваншот што ќе се игра во Париз. Против себе имаме навистина квалитетен ривал, брзите играчи на ПСЖ ни создадоа многу проблеми, но тоа и не мотивираше да одиграме најдобро што умееме“, изјави Серхио Рамос по победата над ПСЖ.

Се вчитува...