Рамос пред продолжување на договорот со Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се договори за двогодишно продолжување на соработката со „кралскиот клуб“. Актуелниот договор на Рамос со „кралевите“ важи до крајот на сезоната. Доста се говореше околу негово заминување од тимот, а како главен кандидат се споменуваше Пари Сен Жермен, кој наводно на искусниот дефанзивец му нудел апсолутно се што ќе посака.

Меѓутоа Рамос одлучил да остане. Договорено е продолжување на соработката за уште две сезони, а официјалната потврда треба да се случи по враќањето од репрезентативната пауза. Рамос веќе 15 години е дел од Реал Мадрид. За клубот одигра 660 натпревари на кои постигна и 100 гола.

Се вчитува...