Свечената ложа на стадионот „Метлајф“ беше полна со хероите кои ѝ ја донесоа на Шпанија првата титула на Светското првенство во 2010 година. Меѓу нив беа Икер Касиљас, Чави Ернандез, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Серхио Рамос.
Кога Феран Торес го постигна победничкиот гол, ложата каде што беа поранешнит шпански фубдалери, се исполни со еуфорија, но еден момент стана главна тема. На фотографиите од прославата, сите се видливи освен Серхио Рамос, кој беше во внатрешноста на стадионот. Снимките го покажуваат како брза назад за да се придружи на прославата што ѝ донесе на Шпанија втора ѕвезда, пишува Марка.
Легендарниот дефанзивец имаше и официјална улога по финалето. Рамос беше тој што го донесе трофејот од Светското првенство на теренот, а неколку минути подоцна капитенот Родри го крена пред преполните трибини во Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
