Рамос промовиран во Мексико, откриено зошто ќе го носи бројот „93“

Серхио Рамос, со официјалната промоција во својот нов клуб Монтереј, означи почетокот на неговата мексиканска авантура. И тоа сега почнувајќи со бројот 93 на својот грб, иако досега низ целата своја кариера го носеше бројот 4.

А, за да ја расчисти „мистеријата околу бројот“, се огласи Реал Мадрид…

„Серхио Рамос ќе игра за Монтереј. Легендата на нашиот клуб избра да носи 93 во новиот клуб поради голот во 93. минута на кој сите се сеќаваме. Тоа е посвета на нашите навивачи и секогаш ќе му бидеме благодарни на Серхио за тоа“ – објави Реал Мадрид.

А, тоа е голот од финалето во Лигата на шампионите во 2014 година против Атлетико Мадрид, кој Рамос го постигна во 93. минута и се избори за продолжение. Реал потоа славеше со 4-1 и ја почна серијата од шест едноподруго титули во елитното натпреварување во следните 11 сезони.

Се вчитува...