Рамос се враќа за клучниот меч на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе биде сериозно засилен за клучниот натпревар од Лигата на Шампионите против Борусија Менхенгладбах, откако Серхио Рамос ја доби трката со времето за да биде подготвен за оваа средба, што ќе се игра в среда во шпанската метропола. „Кралевите“ освоија шест бода во двомечот со Интер, но по поразот во Украина од Шахтјор повторно си ја искомпликуваа судбината.

Сега, тие во последното коло мораат да избегнат пораз од Борусија Менхенгладбах за да се пласираат во осминафиналето од елитното европско натпреварување. Задачата значително се олеснува со враќањето на Рамос, кој е лидер на теренот на тимот на Зинедин Зидан. Дефанзивецот неколку дена тренираше со остатокот од тимот, но Зидан реши да не ризикува со негов настап на дербито со Севилја токму за Рамос стопроцентно подготвен да го дочека мечот со Борусија.

Капитенот ќе го заземе местото на Начо во стартниот тим, искусниот дефанзивец ќе се пресели на местото десен бек, а дуелот со Борусија од клупата ќе го почне Лукас Васкез, кој принудно настапуваше на десен бек на последните неколку средби на „кралевите“.

Се вчитува...