Рамос со гол од „мртов“ агол се загрева за Јувентус (видео)

Реал Мадрид вечерва гостува во Торино кај италијанскиот шампион Јувентус во првата пресметка од 1/4 финалето во Лигата на шампиони. И двете екипи ги направија последните проверки пред големото дерби, а капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос мораше да ја провери својата техника пред завршувањето на последниот тренинг на „Алијанц“ стадионот.

Кјелини пред вчера ги пофали квалитетите на шпанскиот дефанзивец, а секако не е тајна дека Рамос поседува огромна техника за еден одбранбен играч. Дури и легендарниот Раул му пружи рака на Рамос по малото „ремек – дело“, пред фудбалерот да се упати кон соблекувалната.

Се вчитува...