Рамос во одбрана на Меси: Лео е светлосни години пред Марадона

Серхио Рамос ги одигра сите 90 минути во победата над Иран, со која „црвената фурија“ направи чекор напред кон осминафиналето од СП 2018.

„Видете го целото светско првенство, нема слаби противници и лесни ривали. Затоа, мораме да сме задоволни од овој триумф од 1-0, со кој остануваме во пол-позиција за место во следната рунда. Иран добро се бранеше, но по овој пораз сега ќе мора да брка победа против Португалија, додека нашата цел останува иста – триумф над Мароко и прво место во групата“ – изјави Рамос.

Воедно, тој даде и споредба на двете најголеми аргентински фудбалски легенди на сите времиња, Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.

„Го почитувам Марадона бидејќи беше голема ѕвезда. Сепак, сигурен сум, и знам дека и аргентинските фанови го препознаваат тоа, Диего е светлосни години зад Меси“ – го пофали дефанзивецот својот голем ривал од пресметките меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...