Рамос зграби играч на Интер: „Стани ку*вин сине…“ (ВИДЕО)

Серхио Рамос во победата на Реал Мадрид од 3-2 против Интер го постигна својот 100. гол во кралскиот дрес.

Но, во текот на натпреварот Рамос се издвои и ситуација кога дефанзивецот на Реал се впушти во конфликт со поранешниот соиграч Хакими кој изминатово лето ги засили „нераѕурите“.

При еден напад Хакими падна во казнениот простор на Реал со надеж дека ќе избори пенал, по што следеше вербален напад од капитенот на Реал Мадрид.

„Стани курвин сине, стани! Престани да плачеш како глушец“ – пцуеше Рамос додека се обидуваше да го подигне од теренот.

 

Се вчитува...