Рамос: Жолтиот картон сега не ме боли толку многу

Серхио Рамос не можеше да се помири откако судијата Чакир на стартот од второто полувреме му покажа жолт картон за стартот над Дибала. Тоа значеше дека Рамос ќе мора да го пропушти реваншот, но според натамошниот тек на настаните, излезе и како подобра опција бидејќи дефанзивецот сега ќе ги „исчисти“ картоните пред полуфиналните дуели.

„Точно е, бев нервозен, но сега жолтиот картон не ме боли толку многу. Кога ќе го видите резултатот, и подобро е што нема да играм на реваншот. Сепак, морам да потенцирам дека двомечот не е решен, ќе мораме да ја довршиме работата во Мадрид. Сите бевме сведоци на едно ремек-дело на Кристијано, а најголема награда му беше што доби бројни аплаузи и од фановите на Јувентус“ – изјави Рамос по натпреварот.

Се вчитува...