Рамзи му се извини на Роналдо за „украдениот“ погодок (ВИДЕО)

Арон Рамзи мораше да му се извини на Кристијано Роналдо за „украдениот“ погодок во Лигата на шампионите. На гостувањето на Јувентус против Локомотив Москва, Роналдо изведе слободен удар а домашниот голман направи голема грешка дозволувајќи топката да ми мине низ нозе веќе на пат кон мрежата. Сепак, на самата гол линија Рамзи ја „заби“ во празната мрежа.

Многумина сметаат дека Велшанецот на тој начин му украде гол на ѕвездата на тимот што сигурно не му се допадна на Роналдо. Па, поранешниот фудбалер на Арсенал одлучи да се извини.

„Му се извинувам на Кристијано. Имав чувство дека голманот е поблиску до топката и дека можеби ќе ја стигне и одбрани. Инстинктивно реагирав да бидам сигурен дека топката ќе ја мине линијата“ – истакна Рамзи…

Се вчитува...