Рамзи во финишот го спаси Њукасл од пораз, Борнмут ќе почека за прва победа во Премиер лигата

Фудбалерите на Њукасл со гол во финишот избегнаа пораз пред своите гледачи во дуелот со Борнмут во рамки на третото коло од Премиерлигата.

Спасител на Њукасл беше Џејкоб Ремзи кој голот за реми (2-2) го постигна во 88-та минута.

Гостите имаат за што да жалат бидејќи во првото полувреме водеа со 0-2.

Таверние во деветтата минута го отвори резултатот, а по автоголот на Тиав во 35-та минута на семафорот стоеше 0-2.

Сепак, домашните фудбалерит не се предадоа, експресно реагираа и само две минути подоцна преку Харви Барнс намалија на 1-2, за во финишот од натпреварот да успеат да се спасат од пораз.

По три кола, Њукасл има учинок од една победа и две ремија, додека Борнмут се уште е без победа и има два бода и моментно е во долниот дел од табелата.

Се вчитува...