„Ранетиот“ Вардар се враќа на обврските во СЕХА лигата

Вардар денеска на гостински терен против Нашице ги продолжува настапите во СЕХА лигата. Тренерот Стевче Алушовски во тимот ќе нема неколку ракометари поради повреди, Стојанче Стоилов, Ловро Јотиќ, Патрик Валчак и Димитар Димитриоски. Во Нашице, пак, директно треба да пристигне Иван Чупиќ кој беше со репрезентацијата на Хрватска на ЕХФ репрезентативната недела.

„Овој натпревар ни доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ-репрезентативната недела имавме само 7 играчи и два голмани, и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Ќе бидеме со редуциран состав… Начинот на игра на Нексе не е сменет, променет е само начинот на транзиција, мали детали во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро а што лошо во нивната игра. Поразлично е дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што не чека. Ќе одиме со 13 играчи и тројца голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“ – истакна Алушовски пред заминувањето за Хрватска.

Натпреварот во Нашице меѓу Нексе и Вардар е со почеток во 17 часот.

Се вчитува...