Рангник: Не можам да сум среќен кога голманот ќе ни ја донесе победата…

Ралф Рангник ја забележа и втората победа како стратег на Манчестер јунајтед, исто така минимална откако „црвените ѓаволи“ славеа со 0-1 на гостувањето против Норвич.

Пеналот на Кристијано Роналдо беше доволен за да се стигне до цел плен на овој дуел, но улогата на херој му припадна на Давид де Хеа, кој го сочува водството со неколку извонредни интервенции во самата завршница.

„Му реков на Дин Смит дека Норвич игра одличен фудбал и не личи на тим од долниот дел на табелата. Секако дека сум задоволен од резултатот, но не можам да сум среќен кога голманот ќе ни ја донесе победата. Ни недостигаше интензитет, немавме доволно енергија, особено во првото полувреме. Во вториот дел покажавме поголем карактер, играчите имаа подобар „говор на телото“ и нивниот труд вроди со плод“, истакна Рангник.

Се вчитува...