Раниери седнува на клупата на Њукасл?

Клаудио Раниери е фаворит за преземање на местото на менаџер на англискиот премиерлигаш Њукасл, откако Рафаел Бенитез најави дека заминува од клубот, пренесуваат медиумите на островот.

Искусниот италијански стратег е без работа откако замина од Рома. Иако, немаше успеси со Фулам минатата сезона, стратегот сака да се врати во Премиер лигата, каде беше шампион со Лестер.

Медиумите во Европа претходно објавија дека на клупата на Њукасл ќе седне Жозе Мурињо, а меѓу кандидатите за тренерската позиција се и првиот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета, Џенаро Гатузо и Аврам Грант.

Се вчитува...